Второлигашите со барање до ФФМ: Ослободете нѐ и нас од котизација!

Клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига испратија барање до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да бидат третирани исто како и прволигашите и котизацијата и за нив да биде укината.

Клубовите од ПМФЛ добија олеснување поради договорот за продажба на ТВ-правата, а од второлигашите посочија дека треба и тие да бидат ослободени од котизацијата. Веќе се доставени писмата до Управниот Одбор на ФФМ, на кои се потпишани речиси сите клубови кои настапуваат во ВМФЛ.

Второлигашката конкуренција стартува за нешто околу еден месец, а останува да видиме како ФФМ ќе одговори на барањето на клубовите кои побараа исто така финанските обврски кон „куќата на фудбалот“ да бидат „олеснети“.