• Мартин Танасковски

Македонските второлигаши се подготвуваат за продолжението на сезоната и на пријателските натпревари кои се „генералки“ се доста ефикасни.
ГФК Охрид беше ефикасен во мечот против Новаци славеше со 5-1. Во листата на стрелците по двапати се запишаа Арбен Тафа и Давид Матески, а еднаш стрела новото засилување Хусеин Демири.
Беса од Добридол исто така со 5-1 беше подобра од Тетекс. Стрелци за победничкиот тим беа Кристијан Ивановски, Џемо Есати, Зани Назифи и двапати реализира Љавдрим Скендери.
Меч со шест гола одиграа и Арсими и Локомотива Пехчево кој заврши без победник (3-3).