Второлигашите не стартуваат викендов, Комисијата за натпреварување го одложи првото коло

Викендов се очекуваше да се крене завесaта на Втората македонска фудбалска лига, која од оваа година ќе биде една и со 16 екипи учесници. Сите натпревари беа закажани за в сабота од 17:00 часот, меѓутоа дојде до промена на планот. 

Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да се одложат натпреварите од првата рунда на ВМФЛ. На стартот се очекуваа и интересни пресметки, Пелистер требаше да гостува кај Кожуф, Вардар да оди кај амбициозниот Арсими, Беласица кај фузираниот Детонит...

  • Првото коло во ВМФЛ:

Кожуф – Пелистер
Арсими – Вардар
Пехчево – Гостивар
Охрид – Тетекс
Детонит – Беласица
Караорман – Воска Спорт
Саса – Беса
Борец – Слога Виница

Според најавеното, Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложеното коло, а причини за оваа одлука не се наведени.