Второлигашите го добија терминот за одложеното коло

Второлигашите не играа изминатиот викенд заради трагедијата која се случи во Кочани во која загинаа најмалку 60 лица. Комисијата при ФФМ веќе го одреди новиот датум.

Дуелите од 21. коло кое требаше да се игра во неделата се закажани во понеделник. Тоа е ден по крајот на седумдневната жалост во Македонија. Секако, ќе се следат сите препораки од надлежните, доколку се потребни промени.

Сите дуели во ВМФЛ ќе се играат со почеток од 15:00 часот, тоа се БашкимиВардар Неготино, Охрид - Победа, Беласица - Новаци, Арсими - Саса, Македонија ЃП - Вардарски, Борец - Осогово, Брегалница - Скопје и Детонит Плачковица - Кожуф.