Второ коло ДФБ Куп: Освојувачот со второлигаш, бундеслигашки ривали за Баерн и Борусија

Најмасовното германско фудбалско натпреварување, ДФБ Купот, го доби својот костур за натпреварите од второто коло. 

Бранителот на трофејот Баер Леверкузен ќе игра против второлигашот Елверсеберг, Баерн ќе игра против Маинц, а Борусија налета на Волфсбург.

  • Парови во второто коло на ДФБ Купот:

Арминија Билифилд - Унион Берлин
Динамо Дрезден - Дармштад
Кикерс Офенбах - Карлсруе
Фрајбург - Хамбургер
Херта - Хајденхајм
Маинц 05 - Баерн Минхен
Штутгарт - Кајзерслаутерн
Ајнтрахт Франкфурт - Менхенгладбах
Аугсбург - Шалке 04
Хофенхајм - Нирнберг
Падерборн - Вердер Бремен
Јан Регенсбург - Гројтер Фирт
Баер Леверкузен - Елверсберг
Волфсбург - Борусија Дортмунд
РБ Лајпциг - Сент Паули
Келн - Холштајн Кил

Финалето на овогодинешното издание на Купот се игра на 24 мај. Домаќин на мечот за трофејот ќе биде „Олимпискиот стадион“ во Берлин.