Втори јули е кобен за Италија: На денешен ден ги доживеа двата најболни порази на ЕП

На денешен ден, 2 јули, пред 21 година одигран е еден од највозбудливите финални натпревари во историјата на Европските првенства, во кој Италија остана во солзи, додека на шампионската титула се радуваа Французите.

Во тоа финале „аѕурите“ поведоа во 55. минута со голот на Марко Делвекио, но кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со победа на Италијанците, во третата минута од судиското надополнување, Фабијан Бартез испрати долга топка кон противничката половина  а Давид Трезеге му асистираше на Силвијан Вилтор за израмнување и продолженија. Токму Трезеге во 103. минута го постигна „златниот гол“ и на „триколорите“ им ја донесе втората титула европски шампион.

Италија на ист датум, но 16 години подоцна. претрпе нов болен пораз. Во четвртфиналето на Европското првенство во Франција во 2016 година, „аѕурите“ за противник ја имаа Германија против која загубија несреќно, по изведувањето на пеналите.

Пет години подоцна, на овој ист датум (вторни јуни) Италија игра нов голем натпревар на Европските првенства, затоа што во борбата за полуфинале пред себе ја има моќната Белгија.