• Зоран Мишевски
Падна и втората тренерска „жртва“ по неуспешниот настап на Светското клупско првенство. По отказот за Анселми од Порто, сега и победникот на Копа Либертадорес, бразилски Ботафого го менува предводникот.
Ботафого остана без шеф на струката, откако раководството на клубот му врачи отказ на Португалецот Ренато Паива. Причината за отпуштањето е елиминацијата од Палмеирас во осминафиналето на Светското клупско првенство. Ботафого се претстави одлично во групната фаза, го совлада ПСЖ со 1-0 и заврши на второто место во групата.
Во Бразил очекувањата се големи и клубот од Бело Хоризонте се реши да плати отштета за да се раздели со Паива пред истекот на договорот.







