Втор триумф за Шкендија, Шала и Ибраими го решија Тиквеш

Екипите на Шкендија и Тиквеш одиграа пријателски натпревар во рамките на зимските подготовки, а победата замина кај тетовчани, кои славеа со конечни 2-1. 

Тренерот Јетон Беќири им даде шанса на сите фудбалери, а во тимот се најде и 16-годишниот талент, Флорент Османи. Тиквеш поведе со голот на Данаил Тасев уште во десеттата минута, но Шкендија успеа да израмни преку Аденис Шала во 36. минута, кој го постави резултатот на паузата (1-1). 

Во вторите 45 минути тетовчани одиграа подобро, создадоа неколку убави шанси, а круната дојде во 54. минута, кога Бесарт Ибраими стрелаше за 2-1 и го постави конечниот резултат. Двете екипи се подготвуваат за стартот на пролетниот дел во Првата македонска лига.