• Саше Љолес
Екипата на Мајорка извојува изненадувачки триумф над Реал Сосиедад и славеше со конечни 1-0 (1-0) во натпреварот од седмото коло на шпанската Примера. Овој натпревар се игра порано поради обврските на баскискиот тим во Лига Европа.
Стрелец на единствениот погодок беше Абдон Пратс од пенал во 36. минута, погодок вреден три бода за својот тим, кој сега има скор од две победи и две нерешени средби. Мајорка е во моментов на шестата позиција со осум бода, додека Реал Сосиедад го забележа четвртиот меч без победа во низа и останува на само четири бода.
Во следното коло Мајорка ќе гостува кај Бетис, додека Реал Сосиедад ќе мора да прикаже многу подобра игра на дуелот со Ваљадолид на гостински терен.