Втор пораз за Македонија во Тбилиси, овојпат Грузија минимално подобра

Женската репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз од Грузија, овојпат со минимални 1-0 за време на престојот во Тбилиси.

Првиот натпревар избраничките на Кирил Изов го загубија со поубедливи 3-0, а сега претрпеа минимален неуспех. Двете селекции играа во променлив состав, нашите девојки имаа можности за погодок, ама затаи реализацијата. Победоносниот гол падна во 17. минута, а стрелец беше Тамари Татуашвили. 

  • Стартниот состав на Македонија за дуелот со Грузија:

Македонија: Ефтинџиоска; Комненова, Лимани, Максути, Милчевска, Мојсоска, Панеска, Павловска, Села, Џоклеска, Велкова.

Овој собир селекторот Кирил Изов го искористи и даде шанса на доста млади фудбалерки.