ВИДЕО: Врв на сеир од навивачите на Ривер - еве за што го користат јазикот на Бенедето

Бенедето

Не стивнува славјето од страна на навивачите на Ривер Плата и неколку дена по историската победа над Бока Јуниорс во реваншот од Копа Либертадорес, кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Водечкиот погодок на Дарио Бенедето е моментот кој „бело-црвените“ го искористија за да му се потсмеваат на вечниот ривал.

Напаѓачот на Бока испрати провокација при постигнувањето на голот, вадејќи го јазикот во лицето на противничкиот дефанзивец.

Тоа му се „удри од глава“, бидејќи досетливите навивачи на Ривер пронајдоа оригинален начин за прославата да ја претворат во понижување на социјалните мрежи: