• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид и со победа на домашен терен над Еспањол (4-1) ја зголеми разликата на врвот во Примера на девет бода, со што има отворен пат кон титулата во шпанската елита.
Победата ја донесоа најдобриот напаѓач на клубот Феран Торес, кој беше двоен стрелец, а двоен асистент и еднаш стрелец беше ѕвездата Ламин Јамал. Двајцата уште еднаш покажаа дека функционираат беспрекорно и дека Барселона мора да размисли за иднината на Торес во клубот, затоа што се шпекулира за негова продажба.
Првите два гола кои ги даде Барселона паднаа во првото полувреме. Првиот погодок беше постигнат во 9. минута, додека вториот пристигна во 25. минута. Еспањол во вториот дел само го намали поразот преку Лозано. Имаше и хет-трик за Торес, но ВАР ја скрати радоста затоа што го поништи погодокот заради офсајд, но потоа Ламин Јамал и Маркус Рашфорд со два брзи гола во 87. и 89. минута ги поставија конечните 4-1.
До крајот во Шпанија има уште седум кола. Во следната рунда каталонците играат повторно дома со Селта Виго, додека Еспањол кој е на средина на табелата и не знае за победа во 2026 година и има 14 мечеви без полн плен во низа гостува кај Рајо Ваљекано.






