• Горан Упале

Томас Франк, менаџерот на Брентфорд, поради обложување долго време нема да може да смета на еден од своите најдобри фудбалери.
Осуммесечната суспензија што ја заработи напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони, бидејќи се обложувал, меѓудругото и на натпревари на својот тим, е сериозен аларм дека мора да се преиспита односот меѓу фудбалот и обложувалниците, смета менаџерот на Премиер лигата.
„Врската помеѓу фудбалот и обложувањето треба да се преиспита. Ова е сериозно потсетување за нас дека ни треба такво нешто. Добивме големо потсетување. Властите имаат огромна задача да се погрижат да го направиме ова многу подобро“, рече Франк.
Менаџерот на Брентфорд нема да може да смета на својот најдобар напаѓач до јануари следната година.
„Да, Ајван направи нешто погрешно, но она што не ми е јасно е како може на кој било начин да му забранат да игра фудбал на четири месеци. Што добиваат со тоа? Ако сакате да рехабилитирате некого, треба да му обезбедите образование, сега тој е оставен на самиот себе“, вели Френк.
Тони првично беше суспендиран на осум месеци (за над 200 прекршоци), но казната му беше преполовена, бидејќи беше утврдено дека е зависник од обложување и дека му треба лекување.