ВИДЕО: Врсаљко е јунакот! Еве како бекот ја спаси Хрватска непосредно пред победоносниот гол

Хрватска ги слави Перишиќ и Манџукиќ, но големи заслуги за победата и пласманот во финалето на Светското првенство има и Шиме Врсаљко. Бекот на Атлетико Мадрид се најде на вистинското место во вистински момент и во продолжението со глава од самата гол линија го извади ударот со глава на Стоунс.

Оваа интервенција вреди како постигнат гол, бидејќи неколку минути подоцна Марио Манџукиќ го постигна победносниот гол за пласман во финалето.