Врсаљко: Англичани бледи, на спиење - па на тренирање! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хрватски фудбалери во вечерашното полуфинале на Светското првенство против Англија, десниот бек Шиме Врсаљко по триумфот во соблекувалната ја вклучи камерата од мобилниот телефон и им се насладуваше на Англичаните и нивните најави пред дуелот на „Лужњики“.

„Англичани бледи, на спиење - па на тренирање“, порача бекот на Атлетико Мадрид

Хрватска го сруши англискиот сон за второ финале на Светско првенство и го обезбеди најголемиот успех на една селекција од Балканот. По едно полуфинале на Југославија, Хрватска и Бугарија, конечно овој талентиран дел од Европа ќе игра за светска титула.