Врие во Рим, навивачи на Селтик завршиле во болница поради убодни рани

Двајца симпатизери на Селтик се хоспитализирани во главниот град на Италија. Пред вечерашниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Лацио и Селтик еуфоријата во Рим е на високо ниво.

Доказ за тоа е нападот на група фанови кои допатуваа од Шкотска да го бодрат својот тим, а како резултат на тоа двајца завршиле во болница поради убодни рани. Нападот го потврдија на официјалниот Твитер профил на клубот од Шкотска.

  • Објавата на профилот на Селтик:

Според најавите во Рим допатувале дури 9.000 фанови на Селтик за натпреварот. Лацио загуби на гости со 2-1, иако водеше, а денес мора да победи за да остане во борба за нокаут рундата на Лигата на Европа.