Време е за ждрепки, во Нион се влечат паровите за првите нокаут рунди во Европа

Денес во просториите на УЕФА во Нион ќе имаат полни раце работа, бидејќи на програмата се ждрепките за трите европски купови, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Македонија ќе има четири претставници во нокаут рундите на овие натпреварувања. 

Прво точно напладне во 12:00 часот ќе се одржи извлекувањето за Лигата на шампионите. Ељиф Елмас ја брани честа на Македнија, бидејќи со својот Наполи е меѓу носителите пред ждрепката. Постојат потенцијално интересни пресметки, бидејќи во вториот шешир има екипи како Ливерпул, Интер, Милан, ПСЖ, кои завршија како второпласирани. Шеширите за ждрепката во елитното друштво погледнете ги на ОВОЈ линк.

Во Лигата на Европа ќе се извлекува за плеј-офот, во кој второпласираните од групната фаза ќе се судрат со третопласираните од Лигата на шампионите. Оваа рунда ќе биде без македонски претставници, бидејќи Езџан Алиоски и Фенербахче се директно во осминафиналето. Сепак и тука конкуренцијата е огромна, во првиот шешир дооаѓаат гигангите Барселона и Јувентус со останатите од елитата, додека ги чекаат Рома, Манчестер Јунајтед, ПСВ... Шеширите за ждрепката во Лигата на Европа погледнете ги на ОВОЈ линк.

Конференциската лига има иста филозофија како Лигата на Европа. Второпласираните од групите на КЛ чекаат ривали кои испаднаа од второто по ранг натпреварување, а меѓу нив се и Енис Барди со Трабзонспор, како и Иван Тричковски и АЕК Ларнака. Шеширите за ждрепката во Конференциската лига погледнете ги на ОВОЈ линк.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е закажана за во 12:00 часот. Час подоцна следи извлекувањето за Лигата на Европа, а во 14:00 часот ќе се одржи и ждрепката за плеј-офот во Конференциската лига не УЕФА.