Време е за Суперкласико: Гаљардо со Ривер има трауми од „Бомбоњера“

Некогаш едниот, некогаш другиот, но одамна не се случило двата најголеми аргентински клуба да минуваат низ криза во исто време. А таков е случајот во пресрет на претстојното Суперкласико кој ќе се одигра на Бомбоњера во рамките на 15. коло од Професионалната лига.

Фудбалерите на Бока и Ривер се среќаваат израмнети во бодови, но далеку од врвот со девет бода заостанување зад првопласираниот Велез. Кошмарниот старт во првенството ги наведе челниците на клубот од Монументал да направат радикален рез, да му се заблагодарат на Мартин Демикелис и да побараат помош од друга клупска легенда – Марсело Гаљардо. Но, освојувачот на два трофеи од Копа Либертадорес со Ривер не донесе инстант резултат, па иако е непоразен од враќањето, дури по четири нерешени нерешени во првенството во последното коло ја оствари првата победа во националниот шампионат и со тоа донекаде ја подигна својата самодоверба пред мечот на кој одамна не знае за успех.

Имено, Гаљардо во претходниот мандат победи на само едно од последните девет Суперкласика, а конкретно на Бомбоњера не се прослави на претходните седум натпревари, што на ниту еден начин не влева самодоверба кај навивачите на популарните Милионери, како и учинокот од само три освоени бода во досегашните шест првенствени гостувања на нивниот тим.

Идентична е ситуацијата и во Бока, која покажува две сосема различни лица дома и на гости. И додека е далеку од дома, губи бодови од меч во меч од декември минатата година, а тоа што нивните миленици не загубија ниту едно од двете Суперкласика под водство на Диего Мартинез, предизвикува оптимизам кај навивачите. Сепак, поразот на гостувањето кај Расинг во последното коло дополнително го потресе тимот од Бомбоњера.