Време е за прекин на „црната“ серија, Меси од 2013 година нема постигнато гол во четвртфинале!

Со новото дерби меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, вечерва започнува втората фаза од четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

>>> ПОВРЗАНО - Дали вечерва ќе биде вистинскиот крај на Манчестер Јунајтед во ЛШ?

Дербито во Шпанија несомнено ќе биде во фокусот на фудбалските фанови, а овој дуел ќе биде нова шанса за големиот Лионел Меси да прекине една „црна серија“ која ја влече од 2013 година. Всушност, аргентинскиот ас цели шест години не се радувал на погодок на едно четвртфинале на елитата. Последен пат во оваа фаза противничка мрежа затресе на 2 април 2013 година на дуелот против ПСЖ. 

„Да, знам дека Меси нема постигнато гол во оваа фаза уште од 2013 година. Тоа значи дека сега е време да го направи тоа. Меси е во одлична форма за овој дуел. Верувам во него и во неговите квалитети“, рече тренерот на Барселона, Ернесно Валверде. 

Првата ѕвезда на Каталонците беше поштеден на последниот натпревар на тимот во Примера против Хуеска, заради санирање на повредата на окото со која се здоби при еден дуел со Крис Смолинг на првиот натпревар против Јунајтед на „Олд Трафорд“. 

  • Последниот четвртфинален погодок на Меси во Лигата на шампионите: