• Иван Димовски
Секоја чест за „лавовите“ од Жозе Алваладе, но се знае кои два клуба го играат најголемото дерби во португалскиот фудбал. Бенфика и Порто се двократни европски шампиони, два најтрофејни клуба во земјата и со полно право нивните меѓусеби мечеви се сметаат за најважни во Португалија. Ова е борбата меѓу богатиот север и индустрискиот југ, два региони кои се натпреваруваат во сите области. Позната е реченицата: „Во Порто работат, а во Лисабон ги трошат парите“.
Во последните дваесетина години тоа не беше честа појава, но во 2024 година Порто и Бенфика останаа во сенка на Спортинг. Зелено-белите имаат максимални 30 бода во досегашните 10 кола, Порто е на 27, а Бенфика на 22 (со меч помалку). Како со Виктор Ѓоќереш Спортинг да делува незапирливо, а се чини дека за преостанатите два ривали ново губење бодови може да биде погубно. Се наведува на заклучок дека потенцијалнио победник на средбата која се игра в недела (21:45 часот) ќе влезе во улога на предизвикувач на Спортинг за титулата.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Бенфика и Порто
Ги навикнаа Бенфика и Порто своите навивачи скоро секоја сезона да играат во Лигата на шампионите, да минуваат во нокаут фазата, а некогаш и да стигнат до четвртфинале. Оваа сезона ситуацијата е нешто поинаква, поради фактот дека Порто игра во Лигата на Европа. Змејовите не се навикнати на живот без играње во елитата, но се чини дека засега тоа не им влијае на игрите во домашното првенство. Екипата на Витор Бруно загуби од Порто, но победи на сите преостанати девет натпревари и поради тоа со победа над Бенфика пак ќе се лансира во борбата за титулата.
Бенфика жустро тргна во сезоната, импресионираше на почетокот на октомври со декласирањето на Атлетико Мадрид (4-0), но во меѓувреме драстично падна во формата и загуби два меча по ред во Лигата на шампионите (од Феенорд и Баерн). Ситуацијата не е сјајна за тимот на Бруно Лаж во домашното првенство, бидејќи веќе заостануваат осум бода (со натпревар помалку). „Орлите“ во средата загубија на „Алијанц Арена“ од Баерн со голот на Џамал Мусиала и сигурно дека тој детаљ ќе им олесни на домаќините. Бенфика темели надеж на фактот дека Порто не даде гол на претходните две средби одиграни на „Да Луж“ (пораз од 2-0 во август 2023 и 1-0 во септември).