• Саше Љолес

Славниот бразилски дефанзивец, Марсело, официјално стави крај на својата исклучително богата кариера и заминува во пензија како еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал Мадрид.
Последен клуб за кој настапуваше беше Флуминензе, но оттаму му беше раскинат договорот, по што реши да замине во пензија со полни 36 години. Марсело е еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, вкупно одигра 721 натпревар и забележа учинок од 58 гола и дури 117 асситенции.
Најголем дел од кариерата мина во Реал Мадрид, каде освои пет титули во Лигата на шампионите, шест пати беше шампион на Шпанијa, двапати го крена трофејот во Купот на Кралот, петпати триумфираше во Суперкупот и трипати беше победник на Светското клупско првенство.
Во Мадрид мина цели 16 години, а кариерата ја започна во клубот каде впрочем и ги направи своите први чекори, Флуминенсе. Во меѓувреме имаше и една кратка етапа во грчкиот Олимпијакос, каде одигра само пет натпревари.