ВИДЕО: Време е за друга професија – Кариус „заплива“ во празно, па беше лобуван од 40 метри!

Лорис Кариус никако да застане на здрави нозе и во оваа сезона, во која го носи дресот на турскиот гигант Бешикташ.

Германскиот чувар на мрежата по катастрафалното финале за Ливерпул во Лигата на шампионите го следат само малери и лоши настапи, а вечерва повторно се посрамоти, откако најпрво беше лобуван од преку 40 метри на мечот на неговиот Бешикташ против Сарпсборг., а потоа „заплива“ во празно за негатива на својот тим од 2-0. 

После новиот катастрофален кикс можеби е време Кариус да си ја проба среќата во друг спорт, или друга професија.