• Горан Упале
Проектот за создавање на моќниот Манчестер Сити го достигна својот врв, па се чини дека „граѓаните“ се подготвени да влезат во кругот на „бесмртни“ клубови кои успеале да дојдат до најважниот пехар во европскиот клупски фудбал.
Овој век практично не памети поизразен фаворит во финалето на Лигата на шампионите, што го потврдуваат и коефициентите на обложувалницата Mozzart, иако најголемата грешка што тимот на Пеп Гвардиола може да ја направи е да го потцени Интер. И тоа не само поради квалитетот на тимот на Симоне Инзаги, туку поради фактот што „неразурите“, за разлика од противниците со кои ќе се соочат на Ататурк во Истанбул (сабота, 21:00 часот), многу подобро знаат како се добиваат вакви финалиња. Така, може да се каже дека историјата е единствениот детаљ што е на страната на Интер во финалето, а тоа не треба да се игнорира во вакви ситуации.
Исто така, Интер во најдобар можен момент го достигна врвот на формата. Тимот од Милано од крајот на април до денеска оствари 11 победи во 12 натпревари во сите натпреварувања и патем го освои трофејот во Купот на Италија. Тој беше доминантен и во полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против градскиот ривал Милан, па може да се каже дека апсолутно заслужи да се најде во големото финале. Дали ќе успее да најде начин да стигне до четвртиот трофеј во ова натпреварување, останува да видиме, но сите во клубот секако се свесни дека работата ќе биде исклучително тешка.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Манчестер Сити - Интер
Пеп Гвардиола ќе има посебна мотивација, а тоа е да се приклучи на потесниот круг на тренери кои успеале да освојат три или повеќе трофеи во Лигата на шампионите. Карло Анчелоти го држи рекордот со четири, а Боб Пејсли и Зинедин Зидан имаат по три. Каталонецот моментално е во групата од седумнаесет тренери кои двапати го освојувале „долгоушкото“ и тоа не е нешто што ги задоволува неговите амбиции. Исто така, Гвардиола има можност да се приклучи на групата тренери шампиони на Европа со два различни клуба. Досега тоа им успеа на Карло Анчелоти (Милан и Реал Мадрид), Ернст Хапел (Феенорд и Хамбург), Јуп Хејнкес (Реал Мадрид и Баерн Минхен), Отмар Хицфелд (Дортмунд и Баерн) и Жозе Мурињо (Порто и Интер).
Сезоната што ја имаат зад себе е речиси совршена за играчите на Манчестер Сити. „Граѓаните“ на крајно доминантен начин го прескокнаа Арсенал во борбата за шампионската титула, а минатиот викенд го освоија и трофејот во ФА Купот, благодарение на одличниот настап на Илкај Гундоган во пресметката со градскиот ривал Манчестер Јунајтед (2-1). Избраниците на Хосеп Гвардиола оваа сезона беа импресивни во Лигата на шампионите, каде досега на 12 натпревари немаат ниту еден пораз. Во нокаут фазата беа импресивни на натпреварите на домашен терен каде ги совладаа Лајпциг (7-0), Баерн (3-0) и Реал Мадрид (4-0).
Во Лигата на шампионите оваа сезона, Интер беше поразен само двапати од Баерн (двата пати по 0-2) во групната фаза, но обезбеди пласман во осминафиналето пред второпласираната Барселона во групата Ц. Во нокаут фазата, тимот на Инзаги одигра многу лукаво, без поголеми проблеми ги елиминираше Порто, Бенфика и Милан.
Интересно е што ова ќе биде прва официјална пресметка меѓу двата тима, но нема да има многу позначајни во иднина. Таа важност може да влијае и на ефикасноста на финалето. Интер дефинитивно нема да се наттрчува со Сити, бидејќи тоа може да биде фатално, но ќе игра повлечено и ќе чека прилика да одговори од контра напад. Сепак, не веруваме дека ќе им биде доволно да го загрозат долгоочекуваното славје на Манчестер Сити, кој е огромен фаворит за освојување на првиот трофеј во Лигата на шампионите, во нивното второ финале од елитното натпреварување.