ФОТО: Врамени дресови за пелистерците со јубилеен број натпревари!

Битолски Пелистер со победа против Осогово со 2-1 (1-1) го заврши првиот дел од сезоната во ВМФЛ. „Зелено-белите“ стигнаа со победата со головите на Симеон Христов во финишот на првото и на Бојан Спиркоски на почетокот на второто полувреме. 

Пред почетокот на натпреварот, од 15. коло на ВМФЛ, со пригодна свеченост клубот од Битола ги одбележи јубилејните натпревари на своите фудбалери. Така подароци добија Благоја Љамчевски, Борче Маневски и Илче Петровски за 150 настапи, Петар Љамчевски за 200 настапи  и Филип Миленковски за 250 настпевари во дресот на Пелистер.

Фудбалерите добија врамен дрес со јубилејната бројка на настапи од челниците на клупската управа. Сите пет фудбалери се изданоци на школата на Пелистер.

Битолчани презимија на третото место во ВМФЛ, зад есенскиот првак Беса и Детонит Плачковица.