Вработен во екипата на Барселона „ќари“ 6,6 милиони евра од трансферот на Нејмар во ПСЖ

Нејмар трансфер во ПСЖ

Еден од главните виновници за доаѓањето на Нејмар во Барселона е Андре Кари. Тој одиграл значајна улога при трансферот на Бразилецот на „Камп Ноу“, а за тоа добил ветување дека ќе добие 3% од неговиот следен трансфер.

Кари е вработен во клубот и е човек од доверба на таткото на бразилскиот ас. Шпанските медиуми денес откриваат дека Каталонците му исплатиле 6,6 милиони евра поради преселбата на Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони.

Раководството на екипата се обиде да го избегне овој момент, алудирајќи дека играчот си заминал спротивно од волјата на управниот одбор.

Сепак, „Кадена Сер“ денес пренесе дека исплатата е направена.