• Саше Љолес
Францускиот фудбалер Жан-Лук Домпе се најде во центарот на вниманието откако беше казнет со висока шестоцифрена парична казна од својот клуб Хамбург, поради тоа што управувал возило под дејство на алкохол.
Според официјалното соопштение на клубот, 30-годишниот крилен напаѓач бил запрен на сообраќајна контрола кон крајот на јануари, при што полицијата утврдила присуство на алкохол. Поради овој прекршок, клубот одлучи да му изрече значително висока казна и да го суспендира од тренинзите додека трае дисциплинската постапка.
Домпе јавно се извини и призна дека направил сериозна грешка. Во изјавата за медиумите тој истакна дека свесно ја прифаќа одговорноста за своите постапки, дека го разбира разочарувањето на клубот, стручното раководство и навивачите, и дека неговото извинување не може да ги избрише последиците од неговото однесување.
Клубот наведе дека Домпе ќе остане надвор од тимските активности за одреден период, но ќе може да се врати на тренинзи откако ќе биде надмината оваа ситуација.










