Вотфорд се реши за ризичен потег: Го договори вечно повредениот Велбек

Откако не доби нов договор од Арсенал, поранешниот англиски репрезентативец Дени Велбек беше слободен фудбалер и имаше можност да бира каде ќе ја продолжи својата кариера. 

На маса имаше неколку понуди, но на крај се реши да ја прифати онаа на Вотфорд, па денес и официјално стави потпис на тригодишен договор со тимот од Лондон. 

28-годишниот напаѓач своевремено кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед беше еден од најголемите надежи на англискиот фудбал, но бројните повреди го спречија да го покаже најдоброто на терените.

По заминувањето од Јунајтед пет години настапуваше за Арсенал, но  проблематичен скочен зглоб на десната нога повторно го оддалечи од терените, па затоа пропушти дури 123 натпревари на „топџиите“. Со Вотфорд потпиша тригодишен договор.