ВИДЕО: Вотфорд без одговор за Челзи, Абрахам и Пулишиќ ги израдуваа „сините“

Фудбалерите на Челзи продолжија со одличните игри во Премиер лигата и ја запишаа петтата победа во низа на денешното гостување кај Вотфорд (1-2). Со победата во последниот саботен натпревар од 11. коло, „сините“ на Лампард избија на третото место на табелата и само Ливерпул и Манчестер Сити имаат подобар почеток на сезоната.

  • Извештај од натпреварот: 

Младиот Абрахам беше автор на водечкиот погодок уште во петтата минута, кога со фантастична асистенција беше пронајден од Жоржињо. Истиот фудбалер се најде во улогата на асистент при вториот погодок, кога Кристијан Пулишиќ од непосредна близина погоди за високи 0-2.

Шпанецот Делофеу погоди од белата точка до крајот на мечот и само ја преполови предноста на „сините“, кои си заминаа дома со цел плен.

Во пресрет на мечот на Лестер Сити, тимот на Франк Лампард се искачи на третата позиција и продолжи да прикажува солидна форма.