Воска Спорт убедлива во Битола, тест-победи и за Брегалница и Шкупи

Македонските прволигаши и второлигаши репрезентативната пауза ја искористија за пријателски натпревари со цел да останат во форма во пресрет на завршниците во ПМФЛ и ВМФЛ.

Во Битола екипата Воска Спорт му нанесе висок пораз одд 0-3 (0-1) на Пелистер. „Зелено-белите“ кои играат одлично оваа пролет во второлигашкото друштво немаа шанси против поквалитетниот прволигаш. Стрелци на головите за охридскиот клуб ги постигнаа Јахја во првиот дел и Марушиќ и Бајрам во второто полувреме.

Дуел меѓу второлигаши прволигаш се одигра и во Речица, каде Шкупи со сигурни 1-3 славеше во соочувањето со Арсими. За чаирчани стрелаа Адем, Ибиши и Гронер..

Во Штип екипата на Брегалница беше убедлива против второлигашот Кожув и со головите на Пепи Ѓорѓиев два и по еден на Колин Андерсон и Канформ славеше со 4-0.