Воска Спорт рутински го совлада Братство на тест во Охрид

Екипата на Воска Спрот не мирува ниту на репрезентативната пауза и денес со пријателски натпревар ја темпираше формата за продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига Запад.

Амбициозниот проект од Охрид, на својот стадион „Грашница“ ги одмери силите со тимот на Братсво и по 90 минути игра извојува сигурна победа од 2-0. Момците на Раде Цицмиловиќ ја искористија пружената шанса и одиграа квалитетен натпревар, а стрелци на головите беа Јахии и Демири.

Воска Спорт има позитивен старт на сезона во ВМФЛ-Запад и по шест кола ја зазема третата позиција на табелата со 12 бода, шест помалку од перфектниот Силекс.