Воска Спорт конечно ќе може да смета на Ален Јашароски

Ja[arovski

Македонскиот второлигаш Воска Спорт потврди дека во новата сезона ќе може да смета на Ален Јашароски.

Фудбалерот, кој пристигна во јануари и имаше проблеми со документацијата со поранешната екипа Скопје, ќе биде на располагање за првото коло од ВМФЛ. Напаѓачот стави потпис на двегодишен договор со охриѓани.

Искусниот офанзивец ќе помага на тимот кој има амбиции еден ден да заигра во елитата. Тој има преку 200 натпревари во прволигашкото друштво.

Негови поранешни екипи се Македонија Ѓорче Петров, Шкупи, Металург, Работнички, Скопје, Хоризонт Турново, Ренова и Приштина.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.