Воска Спорт: Колку пати ќе нè оштетат? Судијата Тефику влијаеше на резултатот против Силекс (ВИДЕО)

Екипите на Воска Спорт и Силекс одиграа натпревар без голови (0-0) во рамките на 20. коло на ПМФЛ. Охриѓани по средбата упатија жалби за арбитражата на Ндерим Тефику и неговите помошници Дејаноски и Ѓурковски. 

Воска Спорт преку својот официјален профил на Фејсбук се пожали за четири ситуации. Првата беше невнимателниот старт на Николиќ над Шаркоски, по што асот на домаќинот со амбулантно возило мораше да го напушти теренот.

Покрај тоа, Воска се пожали дека е оштетена за чист гол во финишот на првиот дел, бидејќи наводно топката ја мина гол-линијата по една конфузна ситуација. Исто така, се пожалија и за недосуден пенал на стартот на продолжението по наводен директен старт врз Јахја, како и за грешка при досудена офсајд позиција во опасен напад. 

Останува да видиме каква ќе биде анализата на Судиската комисија која редовно ги проверува спорните моменти во ПМФЛ и ВМФЛ.