• Мартин Танасковски

Екипата на Воска Спорт повторно ќе може да регистрира нови играчи, откако го подмири долгот кон поранешни побарувачи и ФИФА ја тргна забраната за трансфери.
Охридскиот прволигаш се најде на листата со забрана од три преодни рока, но новото раководство ги реши најавените проблеми и клубот ќе може да регистрира нови играчи кои пристигнаа во градот крај езерото оваа зима.
На листата на ФИФА се уште со забрана за регистрација на играчи во следните три преодни рока се екипите на Шкупи и Брегалница.