Воска Спорт доведе интернационалец, ја засили одбраната со Медин Бајрами

Фудбалскиот клуб Воска Спорт ги засили своите редови со Медин Бајрами, кој пролетва ќе помогне на тимот да се избори пласман во Првата македонска фудбалска лига. 

Охриѓани го промовираа 24-годишниот дефанзивец како ново засилување денес, а тој треба да се стави на располагање на тимот веднаш. Се работи за фудбалер кој има македонско и словенечко државјанство и доаѓа од косовска Малишева.

Бајрами потекнува од фудбалската школа на Марибор, меѓутоа никогаш не заигра за првиот тим. Тој беше позајмуван во Кршко, Илирија и Драва Птуј, а во 2020 година се пресели во Беласица. Во ПМФЛ, Бајрами заигра и за екипата на Ренова, пред да се пресели во Косово во јули 2021 година.