Воска Спорт договори шест тест средби во зимските подготовки

Македонскиот второлигаш Воска Спорт интензивно се подготвува за вториот дел од сезоната во ВМФЛ-Запад, во кој ќе атаува на местата кои идната сезона водат во елитата.

Тренерот Раде Цицмиловиќ од пред неколку дена ги собра фудбалерите, а раководството на клубот веќе ги договори пријателските натпревари со кои тимот ќе ја билд формата во зимските подготовки.

Првиот тест Воска Спорт го игра со тимот на Братсво (22 јануари), потоа се ги одмери силите со Струга Трим Љум (26 јануари), Ренова (29 јануари), Тиквеш (2 февруари), Борец (6 февруари), а на крај со Победа (12 јануари).

По петнаесет кола во ВМФЛ-Запад, амбициозниот тим е второпласиран зад апсолутниот лидер Силекс со 32 бода, три повеќе од Вардар. Токму „црвено-црните“ ќе бидат директен ривал на Воска во продолжението на сезоната за место во баражот за првата лига.