• Мартин Танасковски
Екипата на Воска Спорт продолжи да ги следи најдобрите во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) со победа на гостински терен кај Арсими (1-2).
- Арсими - Воска 1-2:
Тимот од Охрид кон победата зачекори со еден спорен пенал во првиот дел, кога Ален Јашароски падна во казнениот простор по дуел со ривал. Сепак, судиската комисија во своите извештаи се очекува да го објави конечниот одговор дали овој контакт има елемент за најстрога казна.
Пеналот за Воска Спорт го реализира Изаир Емини, а потоа победата ја потврди Бехар Фета со убав погодок во второто полувреме.
- ГФК Охрид - Гостивар 1-2:
Победи и Гостивар, на гостувањето кај ГФК Охрид (1-2). Триумфот за гостиварчани на овој натпревар го донесоа Каланоски и Велинов со голови во 26. и 75. минута од мечот во градот крај езерото.
Останатите натпревари во ВМФЛ се играат утре oд 13:00 часот.