• Мартин Танасковски
Екипата на Воска Спорт обезбеди место во следната фаза од Купот на Македонија, со победа во самиот финиш над екипата на Башкими од Куманово (0-2).
Дуелот беше тврд, второлигашот одлично му парираше на прволигашот, меѓутоа два моменти во самиот финишот го решија натпреварот на „Градскиот стадион“ во Гостивар.
Се играше 89. минута, кога Воска Спорт најави победа и пласман меѓу шеснаесетте најдобри во најмасовното натпреварување во Македонија. По еден центаршут, одлично со глава реагира 20-годишниот Донарт Ибраими и ги испрати охриѓани во следната рунда. Пред самиот крај гостите добија и пенал кој во гол го претвори десетката Клинтон Осеи.
Воска така го продолжи трендот на прволигашите, од кои во првата рунда испадна само Работнички.