ВИДЕО: Воска поведе, но Шкупи покажа квалитет и со три бода си замина од Охрид

Фудбалерите на Шкупи конечно врзаа две победи во новата сезона во ПМФЛ. По славјето против Брера, попланево чаирчани ѝ го зедоа скалпот и на екипата на Воска Спорт, откако по пресврт извојуваа минимална победа од 2-3 (1-2).

  • Головите од натпреварот:

Амбициозниот проект од Охрид на најдобар можен начин го отвори денешното соочување со фаворизираниот ривал. Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига по само дванаесет минути игра му зададе удар на поранешниот шампион и поведе со 1-0. Само што тргнаа од центар, охриѓани се најдоа во гол-шанса и Црногорецот Алекса Марушиќ ја казни лошата реакција на гостинската одбрана и погоди за водство на својот тим од 1-0.

Сепак, радоста на домаќините не траеше долго, затоа што чаирчани брзо се консолидираа и направија пресврт. За тоа кумуваше и домашниот голман. Во 13. минута искусниот чувар на мрежата Велии, сакаше да биде Рена Игита, но направи катастрофална грешка во својот казнен простор и прими ефтин гол со кој Шкупи израмни на 1-1.

Кон средната на првиот дел следуваше нов шок за домаќините. Трпески го собори Трапановски и Шкупи доби најстрога казна, а сигурен реализатор од единаесет метри беше Дуду Сампајо за 1-2, резултат со кој се замина на одмор. 

Стартот на вториот дел донесе супер-шанса за домаќините, но Иљази со брилијантна одбрана ги покажа своите голмански квалитети. На другата половина од теренот пристигна казната и Шкупи стигна до убедливо водство од 1-3. По една брза транзиција Воша изелзе сам пред Велии и ја смести топката во посакуваната цел и погодокот го прослави со неколкумината навивачи на Шкупи, кои пристигнаа во Охрид да го бодрат својот омилен тим. До крајот на средбата Воска Спорт имаше иницијатива и неколку посериозни шанси, но успеа да искористи само една, откако Марушиќ од пенал го постави конечниот резултат од 2-3.

Шкупи со оваа победа скокна до второто место на табелата, со само еден бод помалку од лидерот Шкендија. Воска Спорт не делува најубедливо на домашен терен и можност да се поправи ќе има в среда во заостанатиот натпревар против Струга Трим Љум