• Мартин Танасковски

Екипата на Воска Спорт и официјално го загуби прволигашкиот статус, затоа што не се појави на гостувањето кај Брера Струмица во рамки на колото во ПМФЛ.
Охриѓани најавија истапување од лигата заради незадоволство, па тоа и го направија. Не се појавија на теренот, додека играчите на Брера се загреваа. Присутни на стадионот „Благој Истатов“ беа и судиите.
Приказната околу Воска Спорт завршува тука. Прашање е дали клубот ќе постои и во иднина затоа што газдата Нефи Усеини најави повлекување во целост.
Овој натпревар е регистриран со службени 3-0 за Брера Струмица.