ВИДЕО: Воска ѝ даде ДЕВЕТ гола на Адриа, Шкендија слави против Лиепаја

Воска Спорт запиша многу убедлив триумф на подготовките во Улцињ, откако со високи 9-0 ја совлада екипата на Адриа. Интересниот ривал од Подгорица е составен од азиски фудбалери, меѓутоа немаше сили ниту да му парира на македонскиот прволигаш. 

Милош Ацимовиќ и Фатјон Јусуфи дадоа по хет-трик за Воска, додека стрелци беа уште Валентин Кочоски, Алдан Шабани и Емсал Рашид. 

Од друга страна, минимална победа запиша екипата на Шкендија против Лиепаја од Летонија (0-1). Тетовчани во второто полувреме беа сведоци на првиот гол на Роландо Вебстер во нивниот дрес, засилувањето кое зимава го купија од Брегалница. 

Шкендија ја очекува уште еден турски тест со Динамо Киев, пред враќањето на ПМФЛ наредниот викенд.