„Воша ќе биде важен фактор во исполнувањето на нашите цели“

Струга Трим Љум се пофали со ново име во своите редови. Арби Воша го замени дресот на Шкупи со оној на шампионот и во иднина ќе тресе мрежи за клубот покрај Охридското езеро. 

Спортскиот директор на струшкиот тим, Бесарт Исаку, не го криеше задоволството од потписот на 22-годишниот офанзвиец. 

„Арби Воша е играч со исклучителни вештини. Брз, прецизен и пред сè играч кој игра со визија. Неговото присуство во тимот ќе биде многу вредно за нас во наредните години. Среќни сме што успеавме да го ангажираме овој играч, бидејќи веруваме дека тој ќе биде важен фактор во исполнувањето на нашите цели“, изјави спортски директор.

Минатата сезона Арби Воша забележа шест гола и четири асистенции во ПМФЛ каде одигра вкупно 143 натпревари.