• Мартин Танасковски
Андриј Воронин, поранешниот украински фудбалер, а сегашен тренер, реши да го раскине договорот со Динамо Москва каде ја вршеше функцијата на асистент.
Откако почна воениот конфликт во Источна Европа, многу странски државјани си заминуваат од Русија. Нога повлече и Воронин кој кажа дека нема шанси да остане во земја чија армија уништува градови и пука во цивили.
„Не гледам шанса да останам во земја чија армија ги уништува нашите градови и пука во цивили“, изјавил Воронин по раскинот на договорот.
42-годишниот Воронин, кој е роден во Одеса, Украина, беше асистент во Динамо Москва од 2020 година.