Воро Гонзалез по шести пат како привремен тренер ќе ја спасува Валенсија

Валенсија вчера му врачи отказ на Алберт Селадес, а како негов наследник денес ќе го назначи Салвадор Гонзалез - Воро. Овој стручњак веќе шести пат се враќа на клупата на Валенсија. Секогаш кога нема решение за испразнетата клупа, тука е Воро да го „изгасне пожарот“.

56-годишниот Воро е тренер на Б тимот на Валенсија, а во играчката кариера, покрај за клубот од Местаља, настапуваше и за Тенерифе, Депортиво Ла Коруња и Логроњес. 

Валенсија победи само на еден натпревар по рестартот на Примера и скоро ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите. „Лилјаците“ се соочуваат со големи проблеми и да се изборат за влез во Лига Европа.

Медиумите шпекулираат со враќање на Валверде на „Местаља“ за почетокот на наредната сезона. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.