Барса добива нова управа, Бартомеу и соработниците си поднесоа оставки

Барселона ќе има ново раководство, затоа што првиот човек во управата, Жозеп Бартомеу, како и неговите најблиски соработници, си поднеле оставки.

Бордот на каталонскиот тим беше под огромен притисок во изминатиот период поради кавгата со Лионел Меси и многуте погрешни чекори во градењето на новата екипа предводена од тренерот Роланд Куман.

Како што изгледа, поразот во „Ел Класико“, беше капката што ја прели чашата, па Бартомеу решил да си поднесе неотповиклива оставка.

Од Барселона ја потврдија разделбата, а експресно ќе биде назначен в.д претседател.