ВИДЕО: Волвс слави во Брајтон, атрактивно реми на Палас и Саутемптон

Фудбалерите на Вулверхемптон победија по четири кола пауза во Премиер лигата, откако се радуваа на „Амекс“ кај Брајтон со минимални 0-1 (0-1). „Волците“ прокнижија важни три бода, а единствениот погодок беше дело на Саис. 

  • Брајтон - Вулверхемптон 0-1:

По воведното тактичко надмудрување, Волвс ја искористи практично првата вистинска шанса и поведе во првата минута од судиското продолжение преку Саис по асистенција од Невес (0-1). Во продолжението Брајтон се обиде да се врати, имаше шанса преку Лампти ама не успеа. Во вториот дел Вулверхемптон можеше да ја удвои предноста преку Тринкао и Саис, кои не погодуваа. На крајот гостите се одбранија и дојдоа до победата. 

Атрактивно реми одиграа екипите на Кристал Палас и Саутемптон (2-2). Пресметката на „Селхрст Парк“ понуди три погодоци во првиот дел и еден во вториот. Вилфред Заха донесе предност за домаќинот по само две минути игра, но пред паузата Вард Прауси Броја направија пресврт за Саутемптон. Конечните 2-2 ги постави Џордан Ају во 65. минута од натпреварот. 

  • Кристал Палас - Саутемптон 2-2:

Во овој термин требаше да се одигра и дуелот на Барнли и Вотфорд кој беше откажан поради проблеми со коронавирусот. 

Состави

Graham Potter

4-2-3-1

    Bruno Lage

    3-4-3