ВИДЕО: Волвс игра фудбал за очи – со гол „а ла“ Барса го начна Кардиф

Екипата на Вулверхемптон уште еднаш потврди дека е најпријатното изненадување во Премиер лигата оваа сезона. „Волците“ на Нуно Еспирито Санто играат отворен фудбал за очи и често знаат да постигнат спектакуларни голови. 

Таков беше случајот на денешниот натпревар против Кардиф Сити, на кој по една фантастична тимска акција, во стилот на Барса,  Диого Јота го матира Етериџ и на  Вулверхемптон му донесе водство од 1-0. 

Само две минути подоцна мексиканскиот репрезентативец Раул Хименез зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор.