Волвс го урна трансфер-рекордот, купи играч од Бенфика за 30 милиони фунти

Екипата на Вулверхемптон го обезбеди првото перманентно засилување за наредната сезона и тоа откако го урна трансфер-рекордот.

Нов играч на „волците“ од Премиер лигата во наредната сезона ќе биде Раул Хименез, 27-годишниот напаѓач кој оваа година играше во англиската елита како позајмен.

Во редовите на Волвс, тој доаѓа од Бенфика, а за неговите услуги премиерлигашот плати 30 милиони фунти, што е највисок трансфер во клупската историја.

Оваа сезона мексиканскиот напаѓач одигра за Вулверхемптон 32 натпревари, на кои постигна 12 погодоци.