ВИДЕО: Волтемаде повторно стрелец, Њукасл ја продолжи агонијата на „шумарите“

Екипата на Њукасл Јунајтед извојува сигурна победа над Нотингем Форест и славеше со конечни 2-0 (0-0) во натпреварот од седмото коло во англиската Премиер лига. 

  • Њукасл - Нотингем Форест 2-0:

Навивачите не видоа голови во првото полувреме, но во вториот дел ситуацијата беше сосема поинаква. Советите на Еди Хау во соблекувалната вродија со плод, па така „страчките“ успеаја да ја начнат гостинската мрежа, најпрво преку Бруно Гимараеш во 58. минута, а конечните 2-0 беа дело на Германецот Ник Волтемаде, кој стрелаше од белата точка во 84. минута од натпреварот. 

За Њукасл ова е втора победа во новата сезона, додека Нотингем Форест останува на само еден триумф и во моментов е на седумнаесеттата позиција на табелата. 

Астон Вила забележа победа втора победа во низа, овој пат над Барнли со конечни 2-1. Двата погодока за домашниот тим беа дело на Холанѓанецот Дониел Мален. 

Евертон во самиот финиш се избори за победа над Кристал Палас (2-1), додека Вулверхемптон и Брајтон ги поделија бодовите во ремито со конечен резултат 1-1.