Волски е дел од Фиорентина, играше во Мехелен, сега е во Висла, а до година во Бари!

Младиот полски фудбалер, Рафал Волски ќе ja заврши сезоната во полскиот клуб Висла од Краков. 23-годишниот фудбалер на Фиорентина беше испратен на позајмица во Мехелен, а сега ќе се врати во полскиот шампионат.
 
Волски во 2013 година дојде Фиорентина и одигра 15 натпревари, со 1 гол во Серија А. Сепак денес не е во преден план кај Паоло Соуса.


 
Во следната сезона „виолетовите“ веќе му обезбедија позајмија на Бари. Така фудбалерот во една година ќе смени три екипи, а ниту една од нив не е екипата која има договор со него.