ВИДЕО: Волшебен лоб и гол на сезоната за Пандев во дресот на Џенова

Ова е вечер на македонските фудбалски интернационалци, па по два прекрасни гола на Енис Барди од слободен удар, ништо покусо не остана и Горан Пандев, кој со гол во 93. минута ја запечати победата на Џенова против Верона.

Македонскиот фудбалски репрезентативец доби шанса во 81. минута, а во самиот финиш по еден соло продор со прекрасен лоб удар од работ на шеснаесетникот го матира гостинскиот голман и ги постави конечните 3-1.

Погледнете ја новата мајсторија на нашиот Горан Пандев: